Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЕВРОПСКИОТ КУЛТУРЕН ПАТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Untitled Document

Регионот на Злин во соработка со партнерите – Градот  Gbely и Музејот Masaryk во Hodonin, го презентираа проектот „Европските културни корени на Св. Кирил и Методиј, продолжување на патот“ во рамките на програмата INTERREG IVA.
Целта на проектот е да се прошири постоечкиот пат на верниците – следбеници на Светите Кирил и Методиј.
За таа цел, делегати од регионот Злин се сретнаа со претставници на општина Охрид како и претставници на државните институции  кои ќе бидат инволвирани во проектот – Зоран Вељаноски- Претседател на УО на Охридско лето, Тања Бунташеска Паскали- Директор на Националната Установа Завод и Музеј и Сашо Коруновски- Декан на Факултетот за туризам и угостителство.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасевски даде уверување дека во иднина на ваквите проекти ќе се постапува со особено внимание и во иднина нема да изостанат, зашто Охрид како колевка на културата заслужува особено внимание.
Во однос на одржливоста на резултатите од  проектот,истакнато беше дека планирано е создавање на организација која понатаму ќе се проширува и ќе ги зголемува активностите од овој проект.
Воспоставувањето на организација под името „Европскиот пат на Светите Кирил и Методиј“е важен чекор кон ефикасно управување и спроведување на културниот пат, но исто така и за исполнување на барањата на програмата за култура при Советот на Европа. Преку организацијата ќе се зближат градови и региони кои се учесници на проектот, образовно-истражувачки институции чии права и обврски ќе бидат уредени со Статутот на организацијата.

Целта на проектот ќе биде исполнета во пет области: Соработка во истражување и развој, Засилување на поврзаноста, историјата и европското културно наследство, Културна и образовна размена на млади Европјани, Сегашната култура и уметничка пракса и Културен туризам и одржлив развој на културата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 16.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©