На иницијатива на ученичката заедница и младинската организација, денес,
во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се организираа хуманитарна акција за прибирање
средства за помош на малиот Кирил Митрески.
Учениците од ова училиште подготвија пирошки кои им беа понудени на
вработените и учениците. Средствата кои се собраа од оваа хуманитарна акција
ќе бидат уплатени на сметката за донации. Учениците му посакаа побрзо
оздравување и среќно детство.
Извор: www.ohrid.gov.mk |