Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 мај, Националниот ден на
Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во
Општина Охрид.
-Дозволете
во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го
честитам 23 мај – Денот на Власите и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет.
Влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од
особено значење за Влашката заедница, но и за целата македонска држава.
Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик Вие сте
посветени граѓани на својата држава и на својата заедница, успешни во сите
полиња на општествениот живот. Благосостојбата и просперитетот на
Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас,
вклучително и од влашката заедница, стои во честитката на градоначалникот
Никола Бакрачески упатена до влашката заедница во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |