Годинава празничната програма посветена на празникот Богојавление -
Водици ќе биде распоредена во четири дена. Во збогатувањето на
туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот
крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите , ќе бидат
организирани и попратни забавни содржини. Општина Охрид ќе го помогне
организаторот на манифестацијата Здружението Богојавление – Водици.
-Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева ќе одржи солистички концерт
во рамки на централната прослава посветена на празникот Богојавление
– Водици во Охрид. Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум
„ “Македонско девојче 2“, изјави раководителот на Секторот за туризам и
локален економски развој, Ѓоко Апостолоски.
За
празнувањата за Водици, 17 хотели креираа празнични аранжмани со попусти од
30 до 50 %. Спиење со доручек во зависност од категоријата на хотелот и дали
сместувањето е во едно и двокреветна соба ќе чини од 10 до 25 евра. Повеќе
ресторани и угостителски објекти за време на богојавленските празнувања
своите услуги ќе ги водат со попусти од околу 30 %.
Извор: www.ohrid.gov.mk |