Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10 , 51/11,123/12 и 93/13),Општина Охрид, на ден 27.03.2014година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ ДУП за градежна парцела 8.1.1 на КП бр.11810/1 КО Охрид 2, УЗ 8 Блок 8.1,Општина Охрид кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за една градежна парцела на КП бр. 11810/1 КО Охрид 2, УЗ 8 Блок 8.1,Општина Охрид ,нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден со Програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Охрид, донесена од Советот на Општина Охрид , а основ е постојниот ГУП за град Охрид.Со реализација на планскиот документ се предвидува планирање на една градежна парцела со намена домување во станбена куќа. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Бр. 20-3136/2
Градоначалник
Никола Бакрачески
Извор: www.ohrid.gov.mk |