Екипи на сите јавни претпријатија активно учествуваат во расчистување на улиците и тротоарите низ Општина Охрид.
Екипи на ЈП Нискоградба и ЈП Водовод во текот на денешниот ден засилено и со несмален интензитет работат на расчистување на улиците, “Димитар Влахов“,“Мите Богоевски“ и дел од улицата “Даме Груев“.
При работата освен физичката сила се користи и полесна механизација.
Освен улиците се чистат и тротоарите и пристапните патеки што водат до куќите и станбените згради на овие улици.
Екипи на ЈП Градски Гробишта и ЈП Градски Пазар активно работата на расчистување на потегот кај населбата Бараки.
Се чисти и улица “Марко Нестороски“ и нејзините придружни помали улички на овој потег. И овие технички екипи користат полесна механизација и работа со несмален интензитет.
Во тек е широка акција за расчистување на улиците и тротоарите низ периферните делови на Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |