Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФИНАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ СУСТКУЛТ“
Untitled Document

Активностите на општина Охрид од проектот  „СУСТКУЛТ - Достигнување одржливост преку интегрирано управување со местата на културно наследство “, беа финализирани на средбата што заврши во петокот на 14 февруари во хотелот „ Белведере“ . Проектот е финансиран од  програмата за Југоисточна Европа на Европска Унија, а го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, заедно со уште 12 институции од Романија, Унгарија, Албанија, Грција и Словенија, а носител е градот Венеција од  Италија .
Главните активности и  реазултати од  проектот, беа    креираната  и објавена  ВЕБ- ГИС платформа , методологијата  за планови за управување со културно наследство, тренинг обуките за подигнување на човечките капацитети во делот на планови за управување со културно наследство како и изработката на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство и изработка на Бизнис план и маркетинг стратегија за управување со локалитетот „ Заливот на коските“ .

 На 13 ти фебруари 2014 во хотел Белведере се одржа презентација за предизвиците и остварените резултати  на општина Охрид во имплементацијата на  транснационалниот европски проект СУСТКУЛТ “Достигнување одржливост преку интегриран пристап на управување со културното наследтво “финансиран од Програмата на Југоисточна Европа .
На презентацијата беа поканети претставници  од  јавни инстуции ,образовни институции, невладини организации, туристички агенции, здруженија на граѓани  како и преставници од 12 институции од седумте СУСТКУЛТ проектни партнери –Италија ,Словенија,Грција, Албанија Романија и Унгарија.

Презентирани беа главните резултати кои произлегоа од успешната имплементација на проектот :  WEB –Gis платформа на  културни тематски мапи на Охрид,  план за управување  со доброто на светско наследство на територија на општина Охрид  и  Бизнис план и Маркетинг стратегија за Заливот на Коски, кој општина Охрид официјално го предаде за имплементација на Завод и Музеј Охрид .

Овој проект претставува уште еден доказ за напорите кои  општина Охрид ги прави во делот на заштита и промоција на светското природно и културно наследтво .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 17.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©