Градежните активности кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ за
изградба на фудбалскиот терен со вештачка трева влегоа во завршна фаза.
Денес, во целост заврши тампонирањето на теренот и започна поставувањето на
гео - материјал кој ќе биде подлога на цевките за дренажа. Исто така во текот
на денешниот ден ќе бидат поставени цевките за дренажа и миениот камен. По
завршувањето на дренажата ќе следи поставување на шахти. Градежните
активности околу тампонирањето и поставувањето на дренажата во целост ги
изведува ЈП „Нискоградба“.
Инаку фудбалскиот терен на вештачка трева се гради според строгите правилата
и стандардите на ФИФА.
Извор: www.ohrid.gov.mk |