Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески присуствуваше на промоција на стихозбирката „Љубовен Вознес“ од Митре Мангоски Радождански.
Во поздравното обраќање , градоначалникот Бакрачески истакна дека со ова дело авторот ги направил горди жителите како на Радожда така и на Охрид.
Преку промоцијата на оваа стихозбирка до мене проструија моменти од моето детство поминати заедно со Митре во Радожда и секако на сите знаменитости што ги имаше во овој дел од крајбрежјето. Денес покрај со пријател од детството јас сум побогат и со еден творец кој со својата поезија враќа спомени од моето детство. Јас навистина немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста кон Митре за сето она што и го дари на Радожда но и она што му го дари на градот Охрид- рече Бакрачески.
„Љубовен Вознес“ е првата самостојна стихозбирка на Митре Мангоски- Радождански
Извор: www.ohrid.gov.mk |