Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
Р.Е "ВОДОВОД" ЈА ПОДОБРУВА СОСТОЈБАТА И ЈА ЗГОЛЕМУВА ДОВЕРБАТА КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ
Untitled Document

Секојдневната ангажираност и посветеност на Р.Е. Водовод Охрид како јавен сервис во службата на граѓаните вроди со плод и враќање на довербата на потрошувачите.
Корисникот на комуналните услуги е најважен и сите сектори, делови, елементи, ресурси се здружени со цел да се исполнат неговите барања за услугите кои ги нудиме.

Зголемените активности на полето на наплатата резултираа со зголемување на процентот на овогодишната наплата за 21,31% во споредба со лани , ќе се продолжат да се применуваат и на полето на фактурирање и контрола на работењето во оваа 2014 година.
Натамошниот принцип на работа со дефинирани правилници, процедури за работа т.е со јасни права и обврски на вработените во наплатната служба засновано на искуство и анализи на работењето во затекнатите услови на недостаток на пишани задолженија и процедури од изминатиот период ќе продолжи и во 2014 година. Менаџментот на Р.Е Водовод Охрид во рамките на комплементарните мерки воведува пишани правила за начинот на работењето на наплатните служби за подобрување на фактурирањето и наплатата во Р.Е Водовод Охрид.

Сите Правила и Наредби кои се донесени во изминатите 6 месеци по служби ќе бидат сублимирани во целосен Правилник за работа на наплатната служба.
Општинските инспекциски служби во соработка со Р.Е Водовод, секојдневно се на терен и ги превземаат сите законски средтства за решавање на проблемот со диво приклучените потрошувачи, кои го оптеретуваат системот за водоснабдување. Таквиот начин на соработка ќе биде интензивиран во иднина.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 05.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©