Централната свеченост, по повод одбележувањето на 24. Мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј,се одржа денеска пред споменикот на светителите во градскиот парк.
Делегации на Општина Охрид, Општинското средно стручно училиште кое го носи нивното име и сите останати воспитно -образовни и други институции, политички партии, здруженија на граѓани и поединци, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на светите браќа.
Претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на свеченоста на учениците од основните и средните училишта кои на државни и меѓународни натпревари освоиле признанија им врачи пригодни награди. Во културно уметничката програма настапија хорот при СОСУ Св. Кирил и Методиј и ученикот Мартин Милески.
Пред централното одбележување на празникот, во салата на КУД „ Ѓердан“ во Кошишта се одржа панахида и свеченост, вчера на 23 мај во Центарот за култура „ Григор Прличев“ , СОСУ „ Свети Кирил и Методиј“ го одбележа патрониот празник, а во неделата на 22 мај се одржа 8. Меѓународен фолклорен фестивал.
Извор: www.ohrid.gov.mk |