Меѓународниот туристички саем „Скопје травел маркет“ чиј домаќин е градот
Охрид, започнува утре во Скопје. Во просториите на Скопски саем, Охрид, во соработка
со кластерот ЕДЕН, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и
Стопанската комора за туризам, пред посетителите ќе промовира пакет
аранжмани за рурална и староградска традиција кои се дел од проектот
„Истражија скриената традиција на Лихнид и белото езеро“. Свое обраќање пред
учесниците и гостите на саемот ќе има и градоначалникот на Охрид, Никола
Бакрачески.
Во рамки на саемот, во петок, ќе се одржи регионална конференција за туризам
и интернационална работилница за локален економски развој
базиран на класетери, на која ќе учествуваат повеќе говорници од земјава и
странство.
За заинтересираните туристички работници кои сакаат да присуствуваат на
конференцијата за туризам, обезбеден е бесплатен превоз. Поаѓањето е во
петок (08.05.2015) во 7 часот, од Булеварот „Туристичка“ пред „Скалестата“
зграда.
*Концепт на регионалната конференција за туризам и интернационална
работилница за локален економски развој базиран на кластери. (повеќе
тука...)
Извор: www.ohrid.gov.mk |