Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид , денеска едногласно ја прифати одлуката  за организирање   на подрачно училиште во с. Ливоишта , во кое настава ќе посетуваат и децата од с. Вапила , а ќе биде во  состав на ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец . Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески , информираше дека  зградата на училиштето  интензивно се реконстрира и дека ќе биде готова за почетокот на новата учебна година.

Советниците дадоа    согласност   за формирање групи  во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, со помал односно поголем број на деца од законски утврдениот број ,  за формирање  паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид , како и  за формирање   паралелки со помалку од 25  ученици  во  ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид и  ОУТУ „ Ванчо  Питошески“ Охрид.

На денешната седница на Советот на општина Охрид , беше прифатена и иницијативата за изготвување на стратегија за привлекување повеќе ученици во средните стручни училишта. Стратегијата треба да биде готова до крајот на учебната 2012/2013 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1241  пати
Објавено на: 30.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©