Започна новогодишното украсување на централното градско подрачје. Екипи
од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид
помогнати од оперативата на ЈП “Охридски комуналец“ во текот на денешниот
ден започнаа со поставување на новогодишните реквизити долж охридската
чаршија.
Се очекува чаршијата целосно да биде украсена до крајот на престојниов
викенд а во текот на наредната недела ќе биде украсено и поширокото
централно градско подрачје.
Како и за минатите новогодишни празници така и годинава се очекува
Охрид да блесне во полн сјај.
Извор: www.ohrid.gov.mk |