Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ САНИРААТ ШТЕТИТЕ ОД СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ
Untitled Document

Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици  информираат дека  започна реализирањето на планот за санирање на штетите  од снежното невреме  што ја зафати и територијата на општина Охрид.  

Во акцијата најпрво ќе бидат отсранети паднатите и  целосно уништени електрични столбови и кабли кои ќе бидат заменети со нови или ќе се репарираат.Во вториот дел од акцијата  ќе бидат заменувани прегорените електрични светилки и ќе бидат отстранувани други дефекти на уличното осветлување.
 
Поради поголема ефикасност во реализацијата на планот за санирање на последиците од снежното невреме, од  Секторот за комунален развој апелираат до граѓаните навреме  да ги пријавуваат настанатите штети.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 09.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©