Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ „БАЛКАН МАРАТОН РЕЛИ“ 2014
Untitled Document

Кристијан Пастори од Италија  е победникот на „Балкан Маратон Рели“ 2014 и ја освои големата награда, бесплатно учество на „Africa Eco Race“.


 


Јубилејното петто издание на „Балкан Маратон Рели“ стартуваше од плоштадот во Самоков, Бугарија и финишираше на брегот од Охридското Езеро. Натпреварот се организираше во партнерство со Општина Охрид и Општина Самоков, а главни организатори беа оф роуд клубот „4х4 Адвенчр“ од Бугарија и Мото клубот„Александар“ од Македонија. 


На стартот се појавија над 80 учесници од Холандија, Белгија, Италија, Австрија, Србија, Грција, Бугарија и Македонија, најдобрите изминаа траса од повеќе од 2.000 километри. На натпреварот зема учество и легендарниот Жан Луи Шлесер, инаку двократен победник на Дакар релито кој стартуваше со прототип Hyundai Santa Fe T1. 
Многу кал, дожд, тешки, атрактивни патеки, но и многу адреналин и среќа беа неопходни за натпреварувачите да застанат денес тука пред вас на подиумот, а најдобрите и најиздржливите да се искачат на највисокото место.
 


Наградите на најдобрите им ги доделија г-дин Ангел Јанев, заменик градоначалник на Охрид, Г-дин Тодор Христов, Директор на „Балкан маратон рели 2014“, првиот учесник на Дакар рели кој покрај бугарското за првпат го развеа и македонското знаме на стартот од најпрестижното светско рели настапувајќи со македонска лиценца во 2013 година, како и Велибор Каевски заменик директор на релито и организатор на многу спортски натпревари во Македонија заедно со членовите на мото клубот Александар од Скопје.
 


Во категоријата на мотори М1 победи Димитар Боевски од Бугарија, пред Хено Ван Бергеијк од Холандија и Паул Ван Миделар од Белгија.
Во М2 најдобар беше победникот во генералниот пласман за мотори, Кристијан Пастори пред Мартин Фонтен од Белгија и Франк Готенбоер од Холандија.
Во катероријата УТВ/АТВ на победничкиот подиум се искачија македонските претставници. Како прв заврши Димитрије Јовановиќ, пред двоецот Александар Кочевски - Жарко Трајчевски од МК Александар Скопје.
Најдобри во категоријата теренски возила е бугарскиот екипаж Калинков – Бонева, пред сонародниците Захариев – Арабаџиев и австријците Ехемозер – Шифер.
Во категоријата теренски возила - адвенчр победија македонските екипажи: Чупаркоски / Грчески, пред Костески / Спиркоски и Најдоски / Трајчевски.
 


По доделувањето на медалите за најдобрите по категории, следуваше забава која беше приредена од страна на танцовиот клуб „СОНАТА“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1281  пати
Објавено на: 12.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©