По повод 9-ти Мај, Денот на Европа, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со Амбасадорите на Кралството Холандија Н.Е. Мариет Шурман и Кралството Шведска Н.Е. Ларс Валунд.
На средбата беше разговарано за актуелните состојби во Локалната самоуправа и заложбите на Еврпските земји за што поскорешен влез на Македонија во семејството држави членки на ЕУ.
Во тој контекст беше најавено и интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу Охрид и земјите на ЕУ во секоја сфера на општественото живеење, политичка, економска, културна и социјална.
Оваа Локална самоуправа ќе ги идентификува стратешките приоритети на општината и целосно ќе се ангажира во делот на аплицирање и остварувањето на голем број европски проекти во рамките на Програмата на Европската Унија што ќе претставува директна придобивка на граѓаните на општина Охрид - истакна градоначалникот Бакрачески.
На локално ниво Канцеларијата на Европската Унија може активно да учествува и да ја унапредува добросостојбата на граѓаните во речиси сите аспекти од секојдневниот живот – рече Амбасадорката на Кралството Холандија Н.Е. Мериет Шурман.
Н.Е. Ларс Валунд, амбасадор на Кралството Шведска изрази задоволство од идејата за подлабока соработка во рамките на ЕУ и изрази надеж за зголемување на напорите на локалните власти за што поскоро искористување на ИПА фондовите кои ќе придонесатт за побрз развој и афирмација на Охрид , зашто Охрид го заслужува пиететот на европски град.
Во рамките на одбележувањето на Денот на ЕУ во соработка со општина Охрид и Кацеларијата на ЕУ официјално беше отворена ЕУ Инфо точката во општинскиот центар за услуги со која ќе се зголеми протокот на информации за ЕУ во јавноста и ќе се обезбеди ефективно апсорбирање на европските структурни фондови и совети за користење на ЕУ фондовите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |