Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА – ХАРМОНИЧНА СРЕДИНА
Untitled Document

Под мотото „Безбедни училишта – хармонична средина“ денеска на градскиот плоштад преку игра и песна, учениците од општинското основно училиште „Григор Прличев“ и средните општински училишта ОСУ „Св. Климент Охридски“ , ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ испратија гласно НЕ на насилството и ДА за создавање свет на меѓусебно почитување и толеранција.

 

На хепенингот кој беше во организација на Локалната самоуправа, ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи свое обраќање имаше и секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој истакна дека: Младите се оние кои треба да ја креираат иднината и да го понесат товарот на општеството. Во текот на образовниот процес нивната безбедност е една од најважните работи за нормално одвивање на истиот. Преку имплементација на проектот „Безбедни училишта – хармонична средина“ сметаме дека безбедноста на учениците значително ќе се зголеми. Со овој проект ќе се изгради доверба и ќе се одберат најдобрите практики во рамките на превенција на конфликти. Општина Охрид секогаш е тука да ги поддржува ваквите проекти кои помагаат младите правилно да го изградат својот успешен пат. Локалната самоуправа ќе ги помага сите проекти кои имаат за цел да го подобрат живеењето на сите граѓани во Општината.

 

 

Порака за превенција од насилство пред учениците испрати и раководителот на отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи од Охрид, Живорад Савиќ.

Ние, децата, учиме од она со што живееме: Ако ние живееме со охрабрување, учиме самодоверба. Ако ние живееме во толеранција, се учиме на трпение. Ако ние живееме со пофалби, учиме да цениме. Ако ние живееме со прифаќање, учиме за љубов. Ако ние живееме со споделување, учиме за великодушност. Ако ние живееме со чесност и праведност, учиме дека постојат вистина и правда. Ако ние безбедно живееме, учиме за вербата во себе и во оние околу нас. Ако ние живееме со пријателство, учиме дека светот е пријатно место за живеење. Почитувани родители, пријатели, ако живеете во мир, вашето дете ќе живее во мир - порачаа младите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1286  пати
Објавено на: 26.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©