Во рамките на работната посета на Охрид, Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и градоначалникот Бакрачески, го посетија реновираниот кабинет по биологија во ОУ “Григор Прличев“, заеднички проект на Германската амбасада и Општина Охрид. Заблагодарувјќи се на градоначалникот Бакрачески за срдечниот прием, Алтхаузер во оваа прилика истакна:
- Верувам дека новите наставни материјали и помагала уште повеќе ќе ги мотивираат децата да учат и да ги истражуваат тајните на биологијата и другите природни науки, што можеше да се види од љубопитноста во нивните очи. Материјалните средства се една работа, а духот на училиштето секогаш го прават наставниците. Јас тука денес видов ангажирани и посветени наставници, за што им ги упатувам моите искрени честитки и верувам дека ќе имаат успех во нивната работа – подвлече германската амбасадорка.
Градоначалникот Бакрачески истакна дека денешната средба е вистинско задоволство, зошто секогаш средбите со Н.Е. Алтхаузер се поврзани со заеднички активности на Германската амбасада и Општина Охрид.
- После успешните проекти за надградба на каптажите во с.Куратица и новото детско игралиште кај каналот Студенчишта, денес имавме можност да го видиме новиот реконструиран кабинет по биологија. Се надевам дека оваа искрена помош и заеднички активности ќе продолжат и во други области, за што, г-ѓата Алтхаузер изрази целосна подготвеност. Ја користам можноста уште еднаш длабоко да и се заблагодрам на г-ѓа Алтхаузер, за нејзината искрена посветеност и поддршка на Охрид – истакна Бакрачески.
Вкупната вредност на проектот изнесува 396.160 денари, од кои 294.160 се донација на амбасадата, а 102.000 се средства од буџетот на Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |