Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО ВТОР ПАТ ВЕЛИГДЕНСКИ САЕМ ВО ОХРИД
Untitled Document

По повод Велигденските празници, Општина Охрид  и   ЈП „Градски Пазар“ заедно со  Црвен Крст- Охрид,   втора година по ред го   организираат  Велигденскиот  саем кој има хуманитарен карактер. Саемот кој беше отворен денес ќе трае два дена.

- Овој пат главена акцент на Велигденскиот саем ќе биде хуманоста. Сите  собрани средства  ќе ги донираме на социјално загрозени семејства односно во соработка со Црвен крст ќе доделиме  социјални пакети на триесет социјално загрозени семејства од Охрид. Благодарност од локалната самоуправа за организирањето на овој саем. Годинава имаше зголемен интерес за саемот но и зголемена посетеност од страна на граѓаните, истакна директорот на Градски пазар Тони Коталески.
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев ги повика  сите охриѓани да бидат дел од велигденскиот саем.

Ги повикувам  сите граѓани на Охрид  да го посетат годинешниот саем, и со купување на изложените производи, традиционална храна, колачи , накит, велигденски украси, сувенири и ракотворби  да станат дел од оваа хуманитарна акција. Саемот е пред се значаен од хуманитарен аспект но  тој е  и нова содржина  во поглед на празнувањата за Велигден,рече Јанев.

Годинава на  Велигденскиот саем учествуваат  18 физички и правни лица.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1277  пати
Објавено на: 09.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©