Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НИЗ ЗАКОНСКА И ТРАНСПАРЕНТНА ПОСТАПКА
Untitled Document

На денешната седница на Советот на општина Охрид, беа донесени неколку одлуки кои се значајни за Охрид. Секретарот на општина Охрид во изјава за медиумите ги истакна придобивките од носењето на овие одлуки.

Сите знаеме дека повеќе од 30 години малото пристаниште е една голема рушевина и не може да се нарече пристаниште, туку тоа е едно небезбедно место кое што во моментов го грди изгледот на градот. Како одговорна Локална самоуправа пристапивме сериозно кон можноста да пристаништето биде реконструирано и ставено во функција на охриѓани и туристите со што ќе се зголеми туристичката понуда на градот, рече секретарот Димитар Спасески.

Со одлука на Владата на Република Македонија пристаништето е доделено на општина Охрид со што општината може полноправно да ги врши сите постапки за понатамошно уредување на просторот.

Беше објавен оглас за избор идејно решение, беше избрано идејно решение кое што сите граѓани на Охрид имаа можност да го видат и да  се запознаат со плановите на Локалната самоуправа за тој дел. Иако од страна на опозицијата имаше обиди да се нарече тој дел “кафана“ сепак согласно физибилити студијата на тој дел ќе биде уредено пристаништето, ќе биде безбедно за посетителите, ќе има можност идниот јавен партнер да изгради модерен и луксузен ресторан, а како јавна придобивка ќе биде новата градска плажа која што ќе никне на тој дел. Значи граѓаните и туристите ќе можат слободно и бесплатно да ја користат новата градска плажа која што ќе никне на тој дел, додаде секретарот Спасески.

Што се однесува на одлуката за утврдување на условите за начинот на градење во село Лагадин, со носењето на урбанистичкиот акт, на потегот кај Лагадин, Министерството за транспорт и врски ќе изгради уште една слободна плажа во Охрид.

Со овај акт, на потегот кај Лагадин, Министерството за транспорт и врски веќе комплетно има завршено тендерската постапка за избор на фирма кој што ќе гради уште една слободна плажа уредена по сите стандарди, објасни секретарот Спасески.

Третата одлука се однесува она возможување за користење на училишен простор за дневниот центар за деца со аутизам и дневен центар за деца со попреченост. Со оваа одлука трајно се решава еден долгогодишен проблем во градот.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика преку заеднички меморандум за соработка донесена е одлука на местото каде што до сега се наоѓаше дневниот центар „Зраци“. Со оваа одлука ќе овозможиме 210 метри сопственост на ОУ „Братство Единство“ да бидат пренаменети за таа намена и сега ќе имаме покрај центарот „Зраци“ нови современи простории кои согласно договорот ќе ги опреми општина Охрид, а додека Министерството за труд и социјална политика инсталирање на најсовремена опрема како дел од тој простор, а тука би биле згрижени и децата со аутизам и други видови попреченост, заврши Спасески.

Во тек е постапка за изборот на фирмата која треба да ги уреди просториите како дел од меѓусебниот договор.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 14.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©