Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ - ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
Untitled Document

С О О П Ш Т Е Н И Е
 


ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 17 УБ 17.4
ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2013-2018 ГОДИНА
 
      1. СЕ СООПШТУВА на граѓаните на град Охрид дека е организирана јавна анкета и јавна презентација на Нацрт план за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за УЗ 17 УБ 17.4 општина Охрид, плански период 2013-2018 година.
      2. Граница на планскиот опфат во Нацрт план за изменување и дополнување на Детален урбанистички плaн за УЗ 17 УБ 17.4, оформена е од: бул.“АСНОМ”, ул.“Маршал Тито”, КП 7220 (канал Биљанини извори) и новопредвиден крак на ул.“Партизанска”.
      3. Јавна анкета  за Нацрт планот  ќе трае од 09.10.2014 година заклучно со 22.10.2014 година.
      4. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.10.2014 год. во 13 часот.
      5. Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид  пред големата сала за состаноци.
      6. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид.
      7. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае  јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 11.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©