На пригодна свеченост, вечерва претседателката на Советот на општина
Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев на
Амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Мартин Безак и на Стојан Лекоски им врачија Благодарница на Кардинал Јан Хризостом Корец за ширење на духовните и културните традиции на Св. Кирил и Методија и нивните ученици Св. Климент и и Св. Наум Охридски кои Општина Охрид ги подари наградот Терхова.
За време на културната манифестација „Денови на св. Кирил и Методиј“ која се
одржува во Терхова, иконите од Св. Климент и Св. Наум кои општина Охрид и ги подари на Терхова беа поставени
на олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и
Методиј.
Пријателските односи и културната соработка помеѓу двата града
македонскиот Охрид и словачкиот Терхова ќе продолжат
и во иднина.
Извор: www.ohrid.gov.mk |