Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА “ОТЧЕТ ЗА 2013“
Untitled Document

На прес конференција,денес градоначалникот Никола Бакрачески  го промовираше печатеното издание на  брошурата  “Отчет за дел од активностите и дел од реализираните проекти во период од април- декември 2013 во Општина Охрид“. Во неа се нотирани оние делови од функционирањето на локалната самоуправа кои се значајни за подобрување на инфра структурните, организациските и јавните дејности во Општината.

Оваа брошура ги содржи оние активности и проекти , кои или целосно се реализирани или се во поодмината фаза на планирање и реализација во 2013. Во неа не се евидентирани тековните активности на јавните општински претпријатија  или пак секојдневните законски дефинирани управни работи на општината. Најголем дел од реализираните проекти и активности наведени во брошурата, се всушност дел од Програмата која ја презентирав во изборната кампања и која со огромно мнозинство  беше  прифатена од граѓаните на Охрид. Но, во неа се наоѓаат некои активности кои не беа наведени во Програмата, но ние сметавме дека се потребни за Охрид и нашите граѓани, рече градоначалникот Бакрачески.

 Отчетот е отпечатен на педесетитина страни и содржи 72 наслови во кои се опфатени стотина активности . Истата е поделена на неколку поглавја во зависност од областа на активност на Локалната самоуправа.

ОТЧЕТ ЗА ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ И ДЕЛ ОД РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД, НИКОЛА БАКАРЧЕСКИ, ВО ПЕРИОД
АПРИЛ - ДЕКЕМВРИ 2013
(2.33 MB)

Сите реализирани активности и проекти  наведени во овој Отчет, се поставени на законски основи, ги задоволуваат сите законски норми  и процедури и претставуваат целосно финансиски и правно покриена активност. Во оваа брошура наведени се информации за трансферирани финансиски средства за реализација на активностите , но и за отплата на  45 милиони денари за сервисирање на старите долгови кон повеќе доверители но и уште толку кон јавните претпријатија како заостанат долг од минатото, додаде Градоначалникот. 

Ваквиот начин на информирање на граѓаните , транспарентно , отчетно и одговорно Општина Охрид ќе го практикува во континуитет , секако надополнета со други форми на презентација на работата и на сите активности кои Локалната самоуправа има намера да ги спроведува во иднина.    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1281  пати
Објавено на: 21.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©