ЈП “Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и
улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена
на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на
општина Охрид.
Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште
“Кирил и Методиј“.Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот
грб на општина Охрид.
Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици потенцираат дека нови
информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите
општински институции.
Во текот на оваа работна недела ќе бидат поставени и информативни табли за
забрана на движење и паркирање на тешки товарни возила и автобуси по
должината на булеварот “Туристичка“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |