Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во с.Велгошти денеска се одржаа неколку заеднички работилници во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализираа со партнерското основно училиште „ Фаик Коница“ од селото Доброште од општина Теарце. На активностите, покрај учениците, родителите, претставниците на УСАИД, секторите за образование, присуствуваа заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев и градоначалникот на општина Теарце Исен Хасани.
Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и компонентата за градење на капацитети, се овозможува зајакнување на припадниците на училишното раководство и наставниците преку различни обуки во тесна соработка и партнерство со други образовните институции. Училиштата формираа партнерства кои што им овозможија да организираат заеднички активности и да создадат услови учениците да развиваат нови идеи и иницијативи за зајакнување на меѓуетничката соработка, во чии рамки е и денешната активност. Целта е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.
Проектот за меѓуетничка интеграција е поддржан од општина Охрид, преку активно вклучување на основните и средните училишта во неговата реализација. Партнерството помеѓу ОУ „ Живко Чинго“ од село Велгошти и ОУ „ Фаик Коница“ од село.Доброште, општина Теарце е пример за меѓуетничка интеграција, за меѓусебното почитување, дружење и почитување на различностите. Инаку двете училишта претходно реализираа заеднички активности во ОУ „Фаик Коница“во село Доброште, каде на работилниците и активностите кои ги реализираа учениците, присуствуваше и делегација на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |