Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ФИНАНСИСКИ НАВРЕМЕНО ГИ ПОМОГНА СЕМЕЈСТВАТА ЧИИ ДОМОВИ БЕА ОПОЖАРЕНИ
Untitled Document

Во врска со објавените наводи за тоа дека општина Охрид иако превзела обврски за финансиска помош на лицата чии што домови беа опожарени, истите не ги реализирала, општина Охрид најостро ги дематира овие наводи и истите ги смета за невистинити и штетни.

- На лицето Рушан Шемо, чија куќа беше опожарена, врз основа на извештајот од општинската Комисијата за утврдување на штета од пожар, ИСПЛАТЕНИ  му се средства во висина од 280.000,00 денари ( двесте и осумдесет илјади денари) (во прилог Ви ја доставуваме аналитичката картичка од исплатените средства, како и заверена изјава на нотар на лицето Шемо Рушен со која се обрзува средствата да ги подели со останатите членови на семејството).

- На лицата Скендеровски Петар и Михаилов Милчо (непосредни соседи), како надомест за уништена покуќнина од пожар, надохнадени се средства во висина од 194.450,00 ден.

- За предизвикана штета од пожар на лицето Тоскоски Димче исплатени се средства од 60.000,00 ден

- Дончо Србиноски за претрпена штета од пожар во неговиот дом, Комисијата донела одлука за исплата на штета од 45.550,00 денари и истите се исплатени.

- Штетата од пожар во колективната станбена зграда на Булевар Туристичка, општина Охрид ја сервисира во висина од 775.221,00 денари

- До општинските служби БАРАЊЕ за формирање на Комисија  за утврдување на штета од опожарување на објект на семејството Рустем е доставено на ден 26.02.2014 година (вчера). Претпоставуваме дека семејството незнаело дека е потребно да се достави барање, по коешто понатака постапува општинската Комисија

Манипулацијата со средства исплатени од општинскиот буџет, а се однесуваат на еднократна помош на ранливи групи, во овој случај оние кои доживеале материјална штета од пожар, се неприфатливи за локалната самоуправа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1416  пати
Објавено на: 27.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©