Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ АПЛИЦИРА СО ПРОЕКТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Untitled Document

Општина Охрид ќе аплицира со проекти за заштита  на животната средина , туризмот и одржливиот развој на Дримскиот басен.Ова  беше речено на денешната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев со Рио Фуџикура од Јапонија, член на Одборот на директори на Регионалниот центар за животна средина ( РЕЦ) од Унгарија, Катерина Георгиевска, директор на канцеларијата во Република Македонија и Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

На  средбата, гостите од Регионалниот центар за животна средина со седиште во Унгарија беа информирани и за други проекти, како што е оној за реконструкција и доградба на колекторскиот систем во кој е вклучена JICA, Jапонската агенција за меѓународна соработка.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 15.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©