Активностите за уредување на градот се одвиваат со несмален интензитет.
Општина Охрид во соработка со Јавните претпријатија, започна со активности
за уредување на дел од Булеварот Туристичка на влезот од Охрид.
На овој потег се врши отстранување на оштетените браници, а на нивно
место се поставува соодветно зеленило,а просторот хортикултурно ќе се
уреди.
По завршувањето на активностите, овој дел ќе добие уреден изглед соодветен
за туристички град.
Извор: www.ohrid.gov.mk |