Заради огромниот број на домашни и странски туристи кои во Охрид престојуваа за време на првомајските празници, Ј.П.„Охридски Комуналец„ вонредно ја ангажира својата оператива, а подигнувањето на отпад на фреквентните локации се зголеми како во летната туристичка сезона -3 пати на ден. Екипите на „Јавна хигиена„ и „Услужна хигиена„ акцент ставија на стариот дел од градот, реоните каде се сконцентрирани викенд-становите, како и викенд населбите и излетничките локалитети.
Спремни ги дочекавме многубројните гости со акциите кои ги реализиравме пред „1-ви мај„. Со овие акции се расчисти крајбрежниот појас на плажите кои не се дадени под концесија . Но за жал, по празнувањето повторно исплива на површина ниската свест на поединци кои на плажите ги заборавија остатоците од догорената скара, пластичните шишиња, картонската амбалажа, најлон кеси и др. (повеќе...)
Извор: www.ohrid.gov.mk |