Започнувајќи од 1 јули, ЈП “Охридски Комуналец“, по однапред изготвена програма се грижи за јавната хигиена на Охридското крајбрежје, односно ги чисти оние плажи кои не се издадени на долготраен закуп.
Еден извршител е одговорен за чистење на плажите на потегот од нас.Лагадин до автокампот Елешец и тој секојдневно во периодот од 5 до 11 часот е на терен и го расчистува расфрланиот комунален отпад. Во исто време се расчистува и потегот од крајбрежјето на с.Пештани. Плажата кај Грашница се расчистува еднаш до два пати неделно, во зависнот од можностите и потребите.
Единствен проблем претставуваат плажите на потегот од с.Пештани до автокампот Љубаништа, бидејќи поголемиот дел од нив имаат пристап по воден пат и останува на совеста на гостите кои ги користат, да не оставаат комунален отпад по нивното заминување од езерскиот брег.
Извор: www.ohrid.gov.mk |