Веднаш откако Локалната самоуправа и новото раководство на јавното претпријатие „Градски гробишта“ превзедоа интензивни мерки и активности за средување на просторот на градските гробишта, менаџментот на јавното претпријатие деновиве за краток временски период успеа на вработените во ова претпријатие да им обезбеди средства за исплата на личен доход за месец март каде последната исплатена плата на секој вработен за месец февруари беше поделена во неколку делови.
Одговорното, транспаретно и чесно работење ќе биде приоритет во работата на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите општински јавни претпријатија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |