Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД 8.МАРТ- ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
Untitled Document

По повод одбележувањето на 8.март- Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадничките на понежниот пол, упати честитка со желби за здравје, среќа и личен просперитет.

-Одбележувањето на  Меѓународниот ден на жената 8. март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи  ги надминуваат националните граници и  ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето за еднаквост, правда, мир- се вели на крајот на честитката на градоначалникот Никола Бакрачески  по повод одбележувањето на 8.март- Меѓународниот ден на жената.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1362  пати
Објавено на: 07.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©