ЈП Нискоградба по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и
улици при Општина Охрид деновиве активно работи на повеќе локации низ
градот.
Една од оперативните екипи на ЈП Нискоградба денес работи на санирање на
металните столпчиња на улицата “7-ми Ноември“ . Со цел поголема безбедност
на пешаците и правилно сообраќање на возилата на оваа улица ќе бидат
поставени и бетонски топки.
Во текот на вчерашниот ден,ЈП Нискоградба заврши со поставување на бехатон
плочките на дел од тротоарот на пресекот на улиците ''Мите Богоески'' и
''Даме Груев'',со што се заокружи проектот за реконструкција на оваа улица.
Деновиве се очекува да биде поставена и нова заштитна ограда на кружниот тек
кај ЈП “Билјанини извори“.Како што е веќе познато,оградата на кружниот тек
беше уништена по што екипи на ЈП Нискоградба ја отстранија и веќе во
следните денови се очекува да биде поставена нова заштитна ограда на овој
потег со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во
сообраќајот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |