Вечерва и синоќа, во охридското село Велестово по 25-ти пат се одржува поетската ноќ во Велестово.
На манифестацијата, од името на градоначалникот , топло добредојде на поетите од Норвешка, Црна Гора, Бугарија, Словачка и Русија им посака Зоран Велјаноски, претставник на општина Охрид.
Оваа вечер е посебна , зошто заеднички го славиме 25- годишното постоење на „ Поетската ноќ во Велестово“. Две и пол децении , благодарение на ентузијазмот на основачот Славе Ѓорѓо Димоски и многуте поддржувачи и неговите пријатели , овде се слави моќта на поетскиот збор , сликарството и воопшто моќта на уметноста.
Со својата автентичност и оригиналност „Поетската ноќ во Велестово“ се наметна како посебна форма на изразување почит кон убавиот поетски збор. Токму одовде , од овие височини , сите заедно, вечерва посакуваме и во иднина да ја гледаме и почуствуваме македонската духовна вертикала , која ќе се извишува до бесконечност.
Почитувани ! На крајот , во име на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и во мое лично име , дозволете да ја прогласам за отворена , јубилејната 25-та „ Поетска ноќ во Велестово“ .
Нека ни е долговечна ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО.
Првата вечер беше посветена на младата македонска поезија и музички концерт на ансамблот „Билјана“, а после поетското читање, традиционално се одржа поетската изложба на академскиот сликар Александар Станкоски насловена „Поетика и Политика“.
На интернационалната поетска ноќ учествуваа поети од 5 земји, Норвешка, Црна Гора, Бугарија, Словачка и Русија, а вечерта беше збогатена со промоција на стихозбирката „ Со други очи“ на поетесата Одвиг Клив од Норвешка, за која говореше поетесата Славица Гаџова.
Извор: www.ohrid.gov.mk |