Со утринска молитва денес муслиманските верници го започнаа
четиридневното чествување на еден од најголемите верски празници Курбан
Бајрам. Ритуалното принесување на курбанот – жртвата, симболично го
претставува приближувањето кон Бога.
Фондацијата “Атлас“ оваа година принесе 14 глави – жртва за празникот, а
месото беше раздадено на околу 700 семејства од социјално ранливи категории.
На настанот присуствуваше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески,во
придружба на советниците Иљат Ибраим, Климе Шешоски, Кујтим Усејни и Ангел
Јанев. Спасески ја искористи приликата уште еднаш, на нашите сограѓани
од муслиманска вероисповед да им го чесита празникот:
- Во мое име и во името на општина Охрид, посакувам празникот
да го поминете во спокој и духовен мир, среќно во кругот на вашите семејства
и пријателите. Охрид е град на традициите и толеранцијата, а јас сум уверен
дека сите заедно ќе продолжиме добрите односи и релации меѓу граѓаните од
различна вероисповед и во иднина да ги градиме и унапредуваме за заедничкио
добро на сите граѓани – исткна Спасески.
Општина Охрид и оваа година донираше дел од прехранбените продукти за
празникот, а помогна и околу логистичката поддршка за изведување на
курбанот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |