Стручните служби на Локалната самоуправа, викендов извршија замена на дотраените светилки по шеталиштето на градскиот кеј.
Екипите на одделението за сообраќај и улици при општина Охрид интервенираа и ги заменија прегорените светилки и на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и кружниот тек кај градскиот плоштад.
Истовремено интервенирано е и на инсталациите на столбовите за улично осветлување.
Вкупно беа заменети 57 светилки.
Во наредниот период локалната самоуправа континуирано ќе работи на тековно одржување на уличното осветлување на територијата на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |