Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЛАДИТЕ- ИДНИ ЛИДЕРИ ВО ОПШТЕСТВОВО
Untitled Document

По повод 12-ти август, меѓународниот ден на младите, Советот  на млади при Општина Охрид, денеска во општинската зграда  одржа свечена седница. Младите од локалниот совет и сите припадници на оваа категорија луѓе ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид,  Ангел Јанев кој истакна дека  младите во принцип се носители на напредокот, науката, технологијата, знаењето, но и дека тие  треба повеќе да се борат за лидерски позиции во Општествово.

- Младите мораат да се слушаат многу почесто и многу погласно, зборувањето да не се сведува на постојано негодување и несогласување со донесени одлуки, туку со предлози, идеи и  зборување, не со сила, туку со аргументи, не со страв туку со храброст, со знаење- потенцира Јанев и посочи дека младите мора ноќниот живот да го заменуваат со денски,  барањето вработување да го заменат со барање на работа,  имањето на диплома да значи поседување на знаење - пракса,   желбата за поубаво некаде далеку - на друго место, да се замени со желба за овде, помеѓу сличните на себе, во овој прекрасен Охрид, во оваа прекрасна Македонија.


- Најдете начини да потсетувате што сакате од ова општество и од себеси а не што НЕ сакате, што сакате но и  како до тоа што го сакате. Во природата,  родителот го учи детето, ама родителот и учи од детето. Македонија Ве учи сите Вас, но Македонија и учи од Вас, порача на крајот од своето обраќање заменик градоначалникот на Охрид.


На средбата меѓу другото, членовите на Советот   ја разгледуваа информацијата за  прибирање  нови членови  во ова локално тело, изработка на квартален план за активности на советот,  а дискутира и  околу “Урбаниот ѕид“ што е проект на Владата на Република Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 12.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©