Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Во рамки на Европската недела на мобилност која се одржува под мотото „Избери, промени, комбинирај“, општина Охрид го одбележа „Денот без автомобили“. По тој повод градоначалникот Никола Бакрачески, денес, на своето работно место пристигна на велосипед.

Пред зградата на општина Охрид во соработка со СВР Охрид беше организиран настан за афирмација на намалувањето на употребата на автомобили, а пред присутните градоначалникот порача:


-          Дали можете да си замислите голем град како  Париз  без еден единствен автомобил на улиците? Тешко е да се замисли, но така ќе биде во Париз . Ако париската „Шанзе лизе“ односно илјадниците парижани можат нормално  да функционираат без автомобили во еден ден од  месец  септември  тогаш  можеме и ние. Покрај во  Париз     заедно со   Монтреал, Мексико Сити, Хо Ши Мин, Богота и уште 1648 градови од 42   европски  држави, со низа активности го одбележуваме „Денот без автомобили“, што е дел од  Европската недела на мобилност.


По завршувањето на церемонијата, градоначалникот Бакрачески ги повика насобраните учесници заедно со возење велосипед или со пешачење да го обиколат централното градско подрачје како би испратиле порака за зачувување на чистиот воздух и чиста животна средина. 


-          Почитувани присутни. Ајде сега сите заедно кој со велосипед, кој пеш да направиме една обиколка и да ги поканиме и останатите сограѓани, да ни се придружат и да го одбележиме „Денот без автомобили“, рече градоначалникот Бакрачески.
 


 Оваа година општина Охрид прв пат се вклучи во глобалната кампања за намалување на употребата на автомобилите и своите активности ги регистрира во европската мрежа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1338  пати
Објавено на: 22.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©