Ј.П."Охридски Комуналец"-Охрид ги известува граѓаните на Општина
Охрид дека на ден 26.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување
отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и
др.) од УЗ.„Гоце Делчев„ (Бараки).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница
доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и
претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување
на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски Комуналец" благовремено
да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на
местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Оваа акција е последна акција со која ќе се подигнува зелен отпад во
пролетниов период, а следните акции за зелен отпад, согласно годишниот
календар, се испланирани во есенскиот период. Во саботите од месеците мај и
јуни / 2014 год. ќе се подигнува кабаст отпад, а со овие акции ќе бидат
опфатени сите реони на територијата на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |