Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО ОХРИДСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ - ИНТЕГРАЛНО
Untitled Document

Денес би сакал да се фокусирам на одговорноста што
секој од вас ја има за вашето образование. Сакам да
започнам со одговорноста што треба да се има за себе.
Секој еден од вас е добар во нешто. Секој еден од вас има
нешто да понуди. И вие имате одговорност да откриете што е
тоа. Тоа е можност што образованието може да ви ја
обезбеди. Можеби би можеле да бидете добар писател _
можеби дури и доволно добри да пишувате книга или статии
во весник - но не би можеле да го знаете тоа , додека не го
напишете тоа на хартија на вашиот час по Македонски јазик.
Можеби би можеле да бидете иноватор или пронаоѓач _
можеби дури и доволно добри за да се носите со следниот
iPhone или нов лек или вакцина - но не би можеле да го
знаете тоа , додека не се направи проект за вашиот час по
наука. Можеби би можеле да бидете градоначалник или
пратеник или судија во Врховен суд, но не би можеле да
знаете се додека не се приклучите на студентите на владата
или на дебатниот тим.
И без оглед на она што сакате да правите во вашиот
живот _ јас ви гарантирам дека ќе ви треба образование за
тоа. Дали сакате да биде лекар, или учител , или можеби
полицаец ? Сакате да бидете медицинска сестра или
архитект , адвокат или член на нашата армија ? Ќе ви треба
добро образование за секоја од овие професии. Не може да
се откажете од учењето и просто само да добиете добра
работа. Морате да се трудите за тоа, да се обучувате за тоа
и да учите за тоа.
И ова не е само важно за вашиот сопствен живот и
вашата иднина . Она што вие ќе направите денес со вашето
едукација, ќе ја одлучи ни повеќе ни помалку туку иднината
на оваа држава. Она што вие го учите на школо денес, ќе
одреди дали ние како нација можеме да се носиме со нашите
најголеми предизвици во иднината на оваа земја. Она што гоучите во училиште денес ќе утврди дали ние како нација
може да ги исполниме нашите најголеми предизвици во
иднина. Ќе треба да поседувате знаење и вештини за
решавање на проблеми што вие ги учите во научните
предмети и математиката за да се излечат болести како ракот
и СИДА-та , да се развијат нови технологии за добивање на
енергија и да се заштити нашата животна средина.
Потребен ви е широк поглед и вештини за критичко
размислување кои ги добивате низ историјта и социјалните
предмети, во борбата против сиромаштијата и
бездомништвото , криминалот и дискриминација, и за да ја
направите нашата земја да биде пофер и послободна. Ни
треба креативност и генијалност која ќе ја развивате во сите
предмети за да изградиме нови компании кои ќе создадат
нови работни места и ќе ја зголемат нашата економија. Треба
секој еден од вас да ги развие своите таленти , вештини и
интелект за да може да помогне во решавањето на нашите
најтешките проблеми. Ако не го сторите тоа - ако го прекинете
школувањето - вие не сте раскинале само со себе, туку сте
раскинале со нашата земја.
Јас знам дека не е секогаш лесно да се напредува во
школото. Знам дека многу од вас имаат предизвици во
вашиот живот, токму сега, кои можат да го отежнат
фокусирањето на вашето школување. Сум ги имал и јас. Знам
како тоа изгледа. Татко ми го напушти моето семејство кога
бев 9 години , а јас бев одгледан од самохрана мајка која
многу често се бореше да ги плати сметките и да обезбеди
храна за семејството, не беше секогаш во можност да ни ги
пружи задоволствата кои другите деца ги имаа. Беа тоа
времиња кога сум пропуштил да почувствувам како е да се
има татко во мојот живот.
Имаше времиња кога бев осамен и се чувствував како да
не се вклопувам во заедницата . И јас не бев секогашправилно фокусиран онака како што треба да бидам. На
некои работи кои сум ги направил во мојот живот не сум
многу горд , и сум западнал во проблеми повеќе од што
треба. И мојот живот лесно можеше да тргне во најлоша
насока. Но,имав среќа . Добив многу втори шанса и иако со
многу патешествија, тешкотии и препреки сепак добив
можност да одам на факултет, и медицинска школа, и да ги
следам моите соништа. Знам дека не секој од вас може да ги
има сите оние предности и погодности во животот за кои
сонуваме. Можеби немате возрасни во вашиот живот кои ви
даваат потребната поддршка.Можеби некој во вашето
семејство ја изгубил својата работа, или е без работа, и нема
доволно пари за да се оди понатака. Можеби живеете во
соседството каде што не се чувствувате безбедно , или имаат
пријатели кои ви вршат притисок да правите работи што
знаете дека не се добри.
Но на крајот на краиштата, околностите на вашиот
живот- она како вие изгледате, од каде доаѓате , колку пари
имате, она што ви се случува дома - тоа не е изговор за да се
занемари вашата домашна или да се има лошо однесување .
Тоа не е оправдување за да му приговарате односно да
му враќате на вашиот наставник, или за пропуштање на
часовите, или за напуштање на училиштето. Тоа не е изговор
за да не се обидете. Тоа каде што денес сте не мора да
одреди каде ќе завршите . Никој не ја пишува вашата судбина
за вас.
Овде во Охрид и Македонија, вие ја пишувате вашата
сопствената судбина. Вие ја градите вашиот сопствената
иднина. Тоа е она што многу млади луѓе го прават секој ден
низ цела Македонија. Некои од нив се соочуваат со многу
тешки предизвици во нивните животи. Но тие одбиваат да се
откажат. Тие избраат да ја преземат одговорноста за нивното
образование и си поставуваат цели пред себе. И јас
очекувам сите вие да го направите истото. Тоа е причинатазошто сум јас денес овде , да ве повикам секој од вас да ги
постави сопствени цели на вашето образование - и да
направите сè што можно и да го дадете најдоброто од себе за
да истите ги исполните. Вашата цел може да биде нешто
едноставно како исполнуање-изработка на сите ваши
домашни задачи , обрнување внимание на час, или
посветување време секој ден да читате книга . Можеби ќе
одлучите да се вклучите во воннаставните активности, или да
бидете волонтер во нашата заедница.Можеби ќе одлучите да
застанете во одбрана на децата кои биваат задевани или се
малтретирани поради тоа кои се или како тие изгледаат ,
бидејќи знам дека верувате , исто како и јас , дека сите деца
заслужуваат безбедна средина за да учат и да научат.
Можеби ќе одлучите да ја подобрите грижата за себе, така
што ќе бидете повеќе подготвени за учење. Или од друг
аспект, се надевам дека сите ќе ги миете многу рацете, и ќе
остане дома кога не се чувствувате добро, така што би ги
заштитиле луѓето од добивање на грип оваа есен и зима.
Што и да решите да направите, сакам да се посветите на
тоа. Сакам вистински да работат на тоа. Знам дека
понекогаш, ќе добиете чувство од гледање телевизија дека
може да бидете богати и успешни без многу напорна работа -
односно дека вашиот билет за успех е преку рапување или
играње кошарка и фудбал или да се бидете вистинска ТВ
звезда , но кога ќе ги процените реално шансите, можеби
нема да бидете било кое од тие нешта. Но, вистината е - да
се биде успешен е тешко. Јас знам дека нема да го сакате
секој предмет што го учите . Знам дека нема да го обожавате
секој учител/наставник. Не секоја домашна задача ќе изгледа
сосема релевантна за вашиот интерес токму во овој момент .
И не значи дека мора да успеете во се што прв пат ќе се
обидете. Тоа е во ред .
Некои од најуспешните луѓе во светот денес, се истите
кои имале најмногу откажувања и неуспеси. Првата книгаХари Потер на JK Rowling беше 12 пати одбивана пред да
биде конечно публикувана. Michael Jordan беше исклученод
неговиот кошаркарски тим во средно школо и тој изгуби
стотици утакмици и промаши илјадници шутови во неговата
кариера. Но еднаш тој рече - “ Не успеав многу пати и пак и
пак и пак во мојот живот. И тоа е причина зошто јас успеав “
Овие луѓе успееја бидејќи сватија дека не смееме да им
дозволиме на неуспесите да не дефинираат, туку обратно,
неуспесите треба да не научат.
Морате да им овозможите на неуспесите да ви покажат
што и како различно да направите наредниот пат. Доколку
западнете во неволја, незначи дека сте проблематичен, туку
тоа значи дека треба да се обидете со повеќе труд да го
надминете. Ако повторувате година, тоа не значи дека сте
глупави, тоа само значи дека е потребно да поминувате
повеќе време во учење. Никој не се родил добар во одредена
ствар, вие станувате добри во некои ствари само со напорна
работа. Вие не сте предодреден атлета кога прв пат играте
нов спорт. Не ја погодувате секоја нота прв пат кога пеете
песна. Мора да вежбате. Исто е и со вашето школување.
Потребно е да решавате неколку пати математички проблем
додека го добиете точниот резултат, или да прочитате нешто неколку
пати пред да го разберете, или да направите неколку нацрт верзии на
еден цртеж пред да биде толку добар за да го земете под рака. Не се
плашите да прашувате. Не се плашите да барате помош кога ви е
потребна. Јас го правам тоа секој ден. Барање на помош не е знак на
слабост, туку тоа знак на сила. Тоа покажува дека имате храброст да
прифатите кога нешто не знаете и сте спремни да научите нешто ново.
Значи, најдете возразен на кого му верувате, еден родител, дедо,
баба или учител, тренер или советник и побарајте да ви помогне да
останете на линија за да ја постигнете целта. И дури кога сте
соборени, и дури кога сте обесхрабрени и кога чувствувате дека
другите луѓе ќе се откажат од вас, никогаш не се откажувајте од себе
си. Бидејќи кога се откажувате од себе си, се откажувате од својатадржава. Приказната на Македонија не за луѓе кои се откажуваа
тогаш кога работите стануваа тешки.
Таа е за луѓе кои продолжија напред, кои се обидоа на потешкиот
начин, кои ја сакаа својата земја толку многу, да не би направиле
нешто што е помалку од нивното најдобро.
Затоа денес, јас би ве запрашал кој ќе биде вашиот допринос.
Кои проблеми вие ќе решите. Кои пронајдоци вие ќе ги направите.
Што градоначалникот или претседателот или премиерот на државата
кој ќе дојде во наредните 20 или 50 или 100 години ќе каже што вие
сте направиле за овој град или за оваа држава. Вашите семејства,
вашите учители и јас правиме се што можеме за да сме сигурни дека
же имате образование кое е потребно за да одговорите на овие
прашања. Работиме напорно за да ви обезбедиме училници,
набавиме учебници и книги, опрема и компјутери кои ви се потребни за
учење. Но на вас останува да го завршите вашиот дел исто така.
Очекувам оваа година да бидете посериозни. Очекувам да го
вложите вашиот најдобар напор во се што правите. Очекувам големи
работи од секој од вас. Затоа, не дозволувајте да бидеме изневерени,
немој да ја изневерите вашата фамилија, вашата држава, да се
изневерите себе си. Направете не сите да бидеме горди. Знам дека
вие тоа го можете
Благодарам, господ да ве благослови вас и вашите учители, господ да
го благослови Охрид

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 01.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©