Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УБАВИНИТЕ НА ОХРИД ПРИКАЖАНИ НА ГЕРМАНСКАТА NRD ТЕЛЕВИЗИЈА
Untitled Document

Една од најгледаните национални телевизии  во Германија  NRD- телевизија , деновиве го емитуваше документарниот филм  во кој се прикажани убавините на Охрид и Охридското Езеро насловен како „ Тајните на Охридското Езеро“.

Авторите Мартин Милер и Хајнз  Галинг  во  филмот  ги доловуваат убавините на  Охридското Езерото  со кристално чистата езерска вода и различните  видови риби кои егзистираат. Во филмот се зборува и за надалеку познатиот  охридскиот бисер и  неговата изработка,  како и за охридскиот тркалезен сунѓер, плашицата  и одгледувањето на пастрмката.

Документарниот филм кој е продуциран  на крајот од годинешнава летна туристичка сезона, опфаќа  кадри од  познати локации и личности кои со својата дејност  се  белег за Охрид.   Филмот  кој трае 43 минути,  беше реализиран со помош на нуркачкиот центар „  Амфора“, чии членови го помогнаа подводното снимање на изворите кај Свети Наум, археолошкиот локалитет Плоча -  Миќов град кај Градиште, како и на откривањето на останатиот дел од езерскиот подводен свет.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 14.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©