Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖУВААТ ИНТЕНЗИВНИТЕ КОНТАКТИ СО ДАЛИЈАН
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со Луис Ку, директор на Агенцијата за интернационални вложувања од Далијан, Народна Република Кина. На средбата гостинот од Далијан изрази силен интерес за вложување во Охрид, во областа на туризмот и прехранбената индустрија. Градоначалникот Бакрачески го запозна кинескиот претставник со актуелните планови на Општина Охрид во однос на урбанистичките решенија за одредени крајбрежни зони и визијата за нивно уредување и можноста за инвестиции.  

Се очекува директорот Ку во среда да оствари средба и со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1377  пати
Објавено на: 25.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©