Градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на работна средба што вчера се одржа во Министерството за транспорт и врски а на која присуствуваа ресорниот министер ,Владо Мисајловски и генералниот директор на „Ер Србија “, Дане Кондиќ.
На средбата од страна на претставниците на „Ер Србија“ беше искажана огромната благодарност до градоначалникот и министерот за брзата реакција и создавањето на услови уште во текот на ова лето да стартува авио линијата Охрид- Белград што секако е многу значајна придобивка за градот Охрид. Исто така беше разговарано и за можностите и моделите кои што се на располагање со цел оваа линија да биде активна во текот на целата година.
На оваа работна средба претходеше работниот состанок на градоначалникот Бакрачески со менаџерскиот тим на оваа авио компанија што пред еден месец на нивна покана се одржа во соседна Србија. Тогаш беа првично разгледани можностите за воведување на оваа авио линија со што Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за летови од и кон охридскиот аеродром онака како што се најавуваше изминатите неколку месеци.
Оваа авио линија од една страна за Охрид е значајна за развојот на туризмот што би значело носење на туристи на охридската ривиера од Србија но и од европските земји со кои белградскиот аеродром има конекции како и носење гости од Соединетите американски држави ако се земе во предвид фактот дека ќе стартува директната авио линија Њујорк – Белград чии летови ќе бидат пет пати неделно. Од друга страна оваа авио линија ќе биде значајна за нашите граѓани кои ќе ги користат поволните можности да патуваат од странските дестинации до дома и обратно преку белградскиот аеродром.
Потврда дека се важни проектите од ваков тип е и воспоставувањето на двете редовни авио- лини, Охрид- Базел и Охрид – Лондон и обратно кои стартуваа минатата година, а се плод на заложбите на општина Охрид за туристички и локален економски раст и развој на градов.
Извор: www.ohrid.gov.mk |