Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа, присуствуваше на
традиционалниот прием што претседателот Ѓорге Иванов го организира за
дипломатскиот кор, воени аташеа, почесни конзули и претставници на
меѓународни организации во Република Македонија.
Претседателот Иванов во своето обраќање се осврна на предизвиците од
мигрантската криза како и за изјавите на одредени политичари од регионот
оценуваќи ги како несоодветни за времето во кое живееме.
На приемот, покрај претседателот Иванов свое обраќање имаше и амбасадорот на
Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.
Во рамки на дипломатскиот прием, претседателот Иванов и претставниците на
дипломатскиот кор, денес ќе ја посетат општина Вевчани, каде што е
предвидена посета на црквата „Св. Никола“ и на Вевчанските извори.
Извор: www.ohrid.gov.mk |