Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ЗАОКРУЖИ 26-ТА ВЕЧЕР НА ЧИНГО
Untitled Document

Синоќа  во  селото Велгошти во близина на манастирот „Света Петка “ по 26 пат се   одржа традиционалната манифестација  „Вечер на Чинго“. Пред присутните во свое и од име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се осврна на делото на Живко Чинго 


 “Познавачите на делото на Живко Чинго порачуваат дека:една од главните особености на чинговата проза е симболиката. Ако сакаме да ги осознаеме идеите на Чинго, во прозата која ја пишувал мора да навлеземе во неговиот свет, кој навидум бил имагинација, замислен, но го отсликувал  политичкиот, социјалниот и општествениот живот на времето во кое живеел.
Големината на Чинго, Во сите негови дела, е, со дар на народен раскажувач, да ги меша времињата, сегашноста и минатото.


Еве и денес,  преку делата на овие автори,  на овој свечен настан,  сме сведоци,  дека духот и идеите на Чинго живеат со и во нас“, истакна Јанев кој  на Верче Карафилоска за расказот “Коси од розева волница“   и  ја додели наградата во вредност од 30 илјади денари   што по традиција  а во знак на прерано починатиот македонски писател ја доделува Општина Охрид  за  најдобар кус расказ.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 14.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©