Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОДАРОК ОД СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ХУМАНОСТА НА ОХРИЃАНИ
Untitled Document

Во знак на благодарност за помошта  што  Охрид и охриѓани, преку  хуманата акција“ Охрид од срце за Србија и Босна“ ја дадоа за настраданите  во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина ,  српските граѓани преку Црвен крст од Крагуевац,  денес  на градоначалникот Никола Бакрачески му  подарија  уметничка слика од академскиот сликар Никола Богдановиќ. 
Градоначалникот се заблагодари на драгиот подарок при што истакна дека истиот им  припаѓа на сите хумани охриѓани.
 


-          Ова е драг подарок кој им  припаѓа на сите совесни граѓани на Охрид , на институциите, на јавните претпријатија на бизнис заедницата и најмногу на  Црвен крст,  која како организација  беше најмногу посветена  на реализација на акцијата “Охрид од срце за Србија и Босна“. Среќен сум и горд  што охриѓани   масовно се  одзваа  на оваа хумана акција. Секој во рамките на своите можности донираше  парични средства, средства за лична хигиена , бебешки производи и ред  други производи кои  беа драгоцени за граѓаните на Република Србија и   Република Босна и Херцеговина. Се надевам дека ваквата помош стигна во вистински раце.  Уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на целата охридска заедница и на сите оние кои што се вклучија во оваа акција и им помогнаа на граѓаните од Србија и Босна да ги пребродат последиците од неодамнешните  катастрофални  поплави, рече градоначалникот Бакрачески.


Подарокот го врачи претседателот на Црвен крст од Охрид, Сашо Точко кој истакна дека  од Македонија  биле испратени 40 шлепери со хуманитарна помош  за Србија и 30 за Босна и Херцеговина, а од нив 5 биле од Охрид.        

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 26.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©