Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПАРИЧНА ПОМОШ ОД ОПШТИНА ОХРИД ПО ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН
Untitled Document

На барање на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а по повод  невремето во Скопскиот регион кое однесе човечки жртви и големи материјални штети,  претпладнево заседаваше Комисијата за финансии при Советот на Општина Охрид  која донесе одлука да даде парична помош  од    300. 000     денари до Општина Гази Баба чија територија  имаше најголеми штети од елементарната непогода

Граѓаните на Охрид преку органите на општината, Градоначалникот и  Советот  сакаат уште еднаш да ја изразат  својата солидарност и хуманост  и да упатат сочувство до семејствата на несреќно загинатите лица.

Воедно на Вонредната Седница на Советот закажана за денес со почеток во 13:30 часот, градоначалникот Бакрачески очекува, одлуката на Комисијата за финансии и за давање финансиска помош до општина Гази Баба  да добие  поддршка  од Советот на град Охрид.
Градоначалникот Бакрачески изминативе два дена беше  во постојана комуникација со Кризниот Штаб,со надлежните во ресорните министерства и со градоначалникот на  град Скопје, при што  од негова страна беше искажана подготвеност за пружење на неопходната помош со  човечки и технички ресурси за справување со елементарната непогода.

Следствено на  потребите и барањата   од одговорните лица  и служби  за справување со природната непогода, Општина Охрид е подготвена да излезе во пресрет и да даде помош  со  своите целокупни  капацитетите како и тие  на охридските јавни претпријатија.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1374  пати
Објавено на: 08.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©