Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ БЕЛЕЖИ ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид заедно со економските оператори коишто беа избрани како најповолни понудувачи на тендерот на Општината започнаа и во тек се завршните фази од бележењето на хоризонталната сигнализација по кружните крстосници кои се изградија на неколку локации во градов.

Фирмата „Виа Сигнал“,задолжена за бележење на хоризонталната сигнализација на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“ во моментов финишира со активностите на терен,додека пак АД „Илинден“  ја освежи хоризонталната сигнализација на кружната крстосница на пресекот од  „Туристичка“ и „Македонски Просветители“.Ситуацијата на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ и улица „Абаз Емин“ е поволна за учесниците во сообраќајот,имајќи предвид дека компанијата „Ала-компани“ од Струга преостанува уште да го дооформи централниот круг на истата.

Паралелено со овие активнпости на економските оператори,по налог на Секторот за комунални дејности ЈП „Нискоградба“ започна со активности за обележување на уличните рабници на кружните крстосници,и се очекува  истите  да завршат наскоро.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1515  пати
Објавено на: 30.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©