Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ – ДОМАЌИН НА ПОЧЕСНИТЕ КОНЗУЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО
Untitled Document

Градоначалникот Бакречески утре ќе биде домаќин на заедничката средба – работен ручек со 45-те Почесни конзули на Република Македонија во странство кои истовремено се угледни бизнисмени и промотори на македонските економски интереси во своите земји.

На средбата пред конзулите ќе биде презентирана Програмата за локален економски развој на Охрид,туристичките и индустриски капацитети со кои располага Општината ,како и можноста од промоција на Охрид во земјите од каде што доаѓаат Почесните конзули.

Во разговорите предвидено е поблиско запознавање со актуелните состојби во Општината, потребата од забрзан економски развој и зголемување на финансиските и економските перформанси на Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 07.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©